Откриена причината за смртта на актерот на „Euphoria“: Ангус Клауд починал од фатална комбинација на фентанил, кокаин и метамфетамин

Точка

22/09/2023

09:03

6.199

Големина на фонт

а а а

Актерот Ангус Клауд (25) починал како последица од случајно предозирање, пренесуваат американските медиуми.

„Ангус Клауд починал од смртоносна комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и уште многу друго, што се смета за случајно предозирање. Станува збор за акутна интоксикација поради комбинација од разни лекови помеѓу кои и бензодијазепин“, стои во официјалните извештаи.


Актерот кој е најпознат по серијата „Euphoria“ беше пронајден мртов на 31-ви јули на возраст од само 25 години.


„Како уметник, пријател, брат и син, Ангус беше посебен за сите нас на толку многу начини… Единствената утеха која ја имаме е што знаеме дека тој сега повторно е со својот татко, кој му беше најдобар пријател. Ангус отворено зборуваше за неговата борба со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека не се сами и дека со тоа не треба сами да се борат во тишина“, соопшти неговото семејство по неговата смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг