Само три модели на „Volkswagen“ ќе ја преживеат електрификацијата

Точка

20/09/2023

15:16

8.009

Големина на фонт

а а а

Шефот на брендот „Volkswagen“, Томас Шефер, рекол дека освежениот „Golf“ ќе се појави во 2024-та година и дека компанијата планира да воведе електричен „Golf“ по 2028-ма година. Покрај „Golf“, безбедни сè уште и „Tiguan“ и „GTI“ (досегашната ознака за спортските верзии ќе прерасне во посебен модел), додека за останатите модели ќе се разговара од случај до случај.

За „Tiguan“, ова не е изненадување со оглед на тоа дека е најпродаваниот автомобил на „Volkswagen“ на светот. Шефер тоа го објавил на саемот на автомобили во Минхен, каде е претставен концептот на компанијата „ID. GTI“, како најава како ќе изгледа електричниот „GTI“ модел во иднината, пренесува „Top Gear“.

Тој нагласил дека освежениот „Golf“ ќе се појави во 2024-та година и дека компанијата планира да воведе електричен „Golf“ после 2028-ма година.


„Тоа ќе биде вистински „Golf“, без компромиси“, додал Шефер.

Од друга страна, постои можност „ID“ ознаката, која ги означувала електричните модели на брендот, да биде сосема укината.


„Тоа беше неопходно во тоа време, но веројатно нема да ни треба во иднина. Не сме сигурни дали во целост ќе ја отфрлиме или ќе ја задржиме за некои модели“, рекол тој.

Шефер исто така рекол дека компанијата сè уште не одлучила дали моделите „Golf“ и „ID. 3“ ќе се спојат во еден во иднината или не.


Потсетуваме, „Volkswagen“ на саемот во Минхен откри дека планира до 2027-ма година да претстави 11 нови електрични автомобили, еден повеќе од првобитно планираното.

Ова не е изненадување кога се знае дека „VW“ вложи големи средства во новата „SSP“ механичка платформа за електрични автомобили.