„BMW M“ ги отфрла мануелните менувачи: Побавни се, потрошувачката е поголема …

Точка

19/09/2023

16:03

8.747

Големина на фонт

а а а

„M2“ ќе биде последниот сериски „BMW M“ автомобил со квачило.

„BMW“ полека се откажува од мануелните менувачи, а тоа се однесува и на спортските „M“ модели. „BMW“ има свои рационални причини зошто мануелните менувачи се сè поретки во спортските модели, а исклучоци се „M2“, како и „M3“ и „M4“ со погон на задните тркала, кои се нудат со мануелни менувачи.


Во разговор за „CarThrottle‘, директорот на „M“ одделението Франк ван Мил рекол:

„Рачните менувачи се побавни и резултираат со поголема потрошувачка на гориво, а понекогаш автомобилите поради нив имаат и помала максимална брзина, поради што мануелниот менувач повеќе нема смисла од инженерска гледна точка“.


Ван Мил понатаму вели дека понудата со мануелен менувач е само некој вид на посвета на богатото наследство. „M2“ ќе биде последен сериски „M“ автомобил на „BMW“ со квачило.

Ван Мил рекол и дека купувачите сакаат рачни менувачи само за да докажат дека можат да „го јаваат ѕверот“.