Симеоне со искрен коментар по убедливиот пораз на Атлетико од Валенсија

Дерби

17/09/2023

10:21

1.778

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид неочекувано загуби со убедливи 3:0 на гостувањето кај Валенсија, а тренерот Диего Симеоне му честитал на противникот и не штедел критики за својот тим по средбата.

Атлетико целосно потфрли на „Месталја“ и ги разочара своите фанови, а Чоло долго ќе го памети овој дуел од негативен аспект.

– Мора да му честитаме на противникот кој едноставно беше подобар на теренот.

– Ова беше наш најслаб настап откако сум во Атлетико, – потенцирал аргентинскиот стручњак.

Атлетико веќе мора да се фокусира на дуелот со Лацио во Лигата на шампионите, а вчера го загуби и Томас Лемар, кој очигледно заработи посериозна повреда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг