Поранешниот европски шампион Нотингем Форест официјално доби нов тренер, петти тренер во изминавата година.
Имено премиерлигашот во изминатиов период беше предводен од Нуно Еспирито Санто, Анге Постекоглу, Шон Дајч, сезоната беше завршена со Витор Переира, а кампања 2026/2027 пак ќе биде започната со 51-годишниот Оливер Гласнер.
Австриецот е доста ценет стручњак, стратег кој има две европски титули зад себе и тоа со Ајнтрахт Франкфурт и Кристал Палас во Лига Европа и Конференциската лига.
Во мандато во Кристал Палас освои ФА Куп и Комјунити Шилд и многумина очекуваа по овој мандат да преземе некој поголем, поамбициозен клуб, меѓутоа останува во Англија и ќе работи на „Сити Граунд“.
– Воодушевен сум што се приклучувам на Нотингем Форест како главен тренер. Уште од моите први разговори со сопственикот и раководниот тим, ми беше очигледно дека тие имаат јасна визија за овој фудбалски клуб и целосна доверба и верба во мене и мојот персонал да изградиме силна иднина заедно на долг рок. Таа доверба и заедничка посветеност, заедно со потенцијалот што го гледам во тимот, беа клучни фактори за мене и возбуден сум за она што можеме да го постигнеме заедно.
- Нотингем Форест е клуб со неверојатен престиж и историја, двократен европски шампион со една од најстрасните навивачки бази во фудбалот. Нашата цел е да изградиме тим што може да му помогне на клубот да го искачи на следното ниво во наредните години и на кој нашите навивачи ќе можат да бидат горди.
- Мојот непосреден фокус е да се сретнам со играчите и персоналот и да почнам со работа додека тргнеме со предсезоната. Возбуден сум за иднината и ќе работам неуморно за да го претставувам овој голем клуб со гордост и да донесам успех на теренот. Едвај чекам да почнам - порача Гласнер.











