Маркус Рашфорд доби статус на стартер на почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, сето тоа како награда за добрите изданија кои ги прикажа како „џокер“ од клупата.
Рашфорд беше еден од најактивните англиски фудбалери во моментите кога фаворитот бркаше пресврт против ДР Конго, а добрата атмосфера која ја негува во последно време, сега направи да режира и вирална сцена на последниот тренинг.
😂 Marcus Rashford nutmegs Ezri Konsa pic.twitter.com/Elgf4FzHlk
— Craig Hope (@CraigHope_DM) July 4, 2026
Англичаните утре наутро ќе играат осминафинале против Мексико на „Ацтека стадионо“, а судејќи според видеата, атмосферата во англискиот камп е навистина добра.
Рашфорд режираше импресивна „еластико магија“ и со брутален дриблинг го посрамот Езри Конса, па ситуацијата беше збогатена и со импресивна реакција од сите останати на теренот.
Маркус падна на земја и се прсна од смеа, истото го направија и другите соиграчи кои се фаќаа за глава, додека Конса побегна од „местото на несреќата“.







