Тотенхем плати 100 милиони фунти за италијански репрезентативец, ќе го носи дресот со број 16

Дерби

06/07/2026

13:17

261

Големина на фонт

а а а

Тотенхем е најамбициозниот англиски премиерлигаш во овој летен преоден рок во кој прво ги обезбедија дефанзивците Енди Робертсон и Маркос Сенеси како слободи агенти, а потоа агресивно го нападнаа пазарот.

Прво беше доведен стоперот Јан Пол Ван Хеке од Брајтон, потоа беше комплетирана операцијата за Матеуш Фернандеш за да денеска официјален стане трансферот на Сандро Тонали.

„Петлите“ го носат италијнскиот репрезентативец од Њукасл за сума која може да достигне 100 милиони фунти, сигурни се 92,5 милиони фунти, додека останатите 7,5 милиони фунти се во бонуси.

- Многу сум среќен што сум тука. Кога пристигнав во клубот, се чувствував фантастично. Луѓето велеа дека има четири или пет клуба – имаше само еден. Разговарав со главниот тренер речиси два часа за клубот, навивачите, стадионот и нашиот фудбал. Беше како магија бидејќи веднаш знаев дека морам да потпишам за Тотенхем. Играв против Тотенхем неколку пати и секогаш наоѓав одлична атмосфера создадена од одлични навивачи. Едвај чекам да започне сезоната, -порача Тонали кој ќе го носи дресот со бројот 16.

Тој од 2023 година е дел од англискиот фудбал, претходно настапуваше за Бреша и Милан.