Роберто Манчини пред некое време и откажа љубов на Италија, поточно неочекувано си замина од селекторската позиција за да потоа за кратко време се согласи да биде нов предводник на националниот тим на Саудиска Арабија.
За овој потег тој доби, добива критики во својата земја затоа што голем дел од јавноста дека си заминал поради пари, нешто што самиот Манчини го демантираше посочувајќи дека проектот бил доволно привлечен, атрактивен за да каже „ДА“.
Сега Италијанците ќе дојдат во Скопје со нов селектор во името на икусниот Лучијано Спалети кој ќе се обиде да создаде нова победничка генерација.
Додека се чека дебито, легендарниот Фабио Канаваро имаше што да каже за заминуавњето на Манчини.
- Тоа била тешка одлука. Сигурно можеше подобро да го темпира времето, бидејќи е блиску до некои важни квалификации, па погреши некои работи. Секој е слободен да носи свои одлуки и тоа се понуди за кои размислувате. Манчини го направи својот избор и треба да се почитува, но да речеме дека можеше да размисли малку порано, - порача Фабио за „Тутоспорт“.
Канаваро веќе има работено во повеќе земји меѓу кои и неговата, па направи споредба.
- Патувајќи низ светот, сфатив дека разликата меѓу Италија и другите земји е во голема мера инфраструктурата. Тоа е она што ни недостасува, - заклучи легендата.