Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот

Точка

22/06/2023

14:20

7.060

Големина на фонт

а а а

Македонскиот рапер и музичар Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа за првпат се остварија во улога на родители.

На сторито објавено на Инстаграм, Таско откри дека Наташа го родила синот на кој му дале многу уникатно име – Лукијан.

„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов!“, напиша тој на Инстаграм и во таа прилика го откри името на синот.


Името Лукијан потекнува од латинскиот збор „lux“, што во превод значи светлина, односно, „оној што свети, осветлува“.

Таско и Нашата се во брак од 2022 година, а во мај оваа година направија свадбена церемонија со многу гости. Тие претходно приредија и забава за откривање на полот на бебето, кога споделија дека очекуваат син.