Станува збор за најголемиот ривал на „Ford Mustang“, а сега оди во пензија.
Токму така, „Chevrolet“ објави дека 2024 година ќе биде последната моделска година за „Camaro“. Заклучувањето на шестата генерација ќе биде означено со специјална серија „CollectorCamaros Edition“ со уникатна пантер црна боја. Станува збор за сјајна црна боја која за прв пат се нуди на моделот.
Последната серија ќе се нуди во САД со повеќе верзии на моторот, а колекторското издание ZL1 е ограничено на само 350 примероци. Од посебни детали, автомобилот добива попречни ленти во сјајна црна боја, задни и предни спојлери и соодветни ознаки. Другите опции (LT/RS, LT1 и SS) ќе вклучуваат тркала од 20 инчи. Сите клиенти добиваат подарок часовник „Shinola Canfield Sport“. Почетната цена на ова возило е 39.440 $.
Кога станува збор за последната моделска година, „Chevrolet“ откри дека верзијата со 2.0 мотор се укинува, оставајќи ги како опции 3.6 V6, 6.2 V8 и 6.2 V8 LT4. Преведено, тоа значи дека Camaro ќе биде поскап, па верзијата со V6 мотор и над 335 КС ќе стартува од 32.495 долари.
Производството на „Camaro“ ќе биде прекинато во јануари 2024 година. Не се знае многу за можниот наследник, освен тоа што го изјави Скот Бел, потпретседател на Шевролет: „Иако денес не објавуваме непосреден наследник, бидете сигурни дека ова не е крајот на приказната за "Camaro"“.