Обрнете внимание на симптомите: Зачестеното мокрење може да биде знак за сериозни здравствени проблеми

Точка

08/06/2023

17:00

13.107

Големина на фонт

а а а

Зачестеното мокрење во главно е знак дека сте испиле премногу течности, но доколку сметате дека не внесувате доволно течности, тоа би можело да значи дека имате одреден здравствен проблем.

Повеќето луѓе имаат потреба за мокрење од 5 до 7 пати дневно, но доколку одите во тоалет повеќе од 7 пати во рок од 24 часа, а не сте испиле повеќе од 2 литри течност, проверете некои од овие причини.

Некои причини може да вклучуваат проблеми со работата на бубрезите, мочниот меур, простатата, но и дијабетес. Но, постојат и други помалку познати причини зошто почесто одите во тоалет.


Тоа се: инфекција на уринарниот тракт, уретритис, бременост, тумор или маса во карличната област, тумор на мочниот меур, вид на воспаление на ѕидот на мочниот меур, камења во уринарниот тракт, одредени лекови што ги земате како што се диуретици, одредени терапии, сексуално преносливи инфекции и невролошки проблеми.

Симптомите кои укажуваат на тоа дека треба да посетите лекар е ако во текот на мокрењето нема зголемено излачување на урина. Во зависност од причината, луѓето кои имаат проблеми со често мокрење може да имаат и други симптоми како што се: болки во стомакот, уринарна инконтиненција, ноктурија или често мокрење во текот на ноќта и болно мокрење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг