Кардиолог открива – 3 едноставни производи кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта

Точка

07/06/2023

10:43

12.034

Големина на фонт

а а а

Холестеролот е масна супстанција која му е потребна на нашето тело.

Овој вид на липид вклучува и синтеза на хормони и клеточни мембрани. Меѓутоа, високото ниво на холестерол – хиперлипидемија, значи дека „лошиот“ холестерол почнува да се акумулира во крвта.


Тој е тој којшто ги затнува артериите. Доколку крвниот сад е затнат тоа може да доведе до срцев или мозочен удар.

Кардиологот Елизабет Клодс, навела три главни намирници за намалување на нивото на холестерол и сите содржат растителни влакна.

„Оваа храна има растворливи растителни влакна кои се поврзуваат за холестеролот во системот за варење и го отстрануваат од телото пред да влезе во крвотокот“, објаснила докторката.

На прво место е овесот. Не само што е богат со растителни влакна туку содржи и многу антиоксиданти, вклучувајќи ги и оние кои помагаат во подобрување на функцијата на крвните садови и намалување на крвниот притисок. Поради тоа овесната каша секогаш треба да биде на маса за појадок.


На второто место се леблебиите. Тие покрај растителните влакна, богати се со калиум и магнезиум, важни елементи за контрола на крвниот притисок.

И на крај, на третото место се бадемите кои имаат многу растителни влакна, како и протеини и витамин Е.




Спонзорирани линкови

Маркетинг