Нов модел на „Fiat“ кој ќе можат да го возат и оние без возачка дозвола: Единствено треба да имате 16 години

Точка

06/06/2023

21:14

15.543

Големина на фонт

а а а

Автомобилите на „Fiat“ се едни од најпопуларните на македонските патишта. Во главно важат за мали потрошувачи, чии резервни делови се евтини и кои лесно се одржуваат. Сега „Fiat“ објави нов модел на квадрицикл кој крена прашина.

Нивниот модел „Topolino“ бил прилично популарен кога се произведувал од 1936-та до 1955-та година, а сега се подмладил и „се средил“ во склад со новите стандарди во автомобилскиот свет.

Новиот „Topolino“ ќе вози на електричен погон, а фотографијата која ја објави компанијата „Fiat“ ги изненади сите. Многумина не можат да веруваат како изгледа ова чуда. Иако го има карактеристичниот изглед на „Fiat“, сепак е прилично чуден.

Тука има два големи фарови и два помали трепкачи под главните светла. Нема врати, а тука е и платнениот кров, една асоцијација на оригиналното „Topolino“.

Според европските регулативи, квадрициклите може да ги возат и лица без возачки дозволи кои се постари од 16 години. Сè уште не е познато кога „Fiat Topolino“ официјално ќе дебитира, како ни кога почнува продажбата на овој електричен квадрицикл.




Спонзорирани линкови

Маркетинг