Саманта поставила два услова за да се врати во продолжението на „Sex and the City“: Нив двајца никако не сакала да ги види

Точка

05/06/2023

20:18

4.194

Големина на фонт

а а а

Славната актерка Ким Катрал повторно ќе се појави во улогата на познатата и омилена Саманта Џоунс, во спин-оф серијата „And Just Like That…“, иако се зборува дека е во кавга со ѕвездата на остварувањето, Сара Џесика Паркер.

Како што наведуваат странските медиуми, Саманта овојпат ќе одигра кратка, епизодна улога на самиот крај на втората сезона, а во завршната сцена ќе има контакт со Кери Бредшо, но само преку телефон.


Познато е дека Катрал не сакала да го снима продолжението на серијата поради лошиот однос со колешките, особено со Сара Џесика Паркер, но се предомислила, а за продуцентите имала два услова.

Првиот бил да не снима со поранешните колешки, а вториот да не го види режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој е инаку близок со Паркер.

„Ким имала два услова – да не глуми со ниту една од поранешните колешки и да не го види Мајкл“, раскажал извор за „Page Six“.


За потсетување, како што пренесе „Variety“, Ким веќе ја снимила својата сцена во март, а во таа прилика не се видела ниту разговарала со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Исто така, сцената била снимена и без режисерот Мајкл Патрик Кинг.

Саманта беше дел од првата сезона на серијата, исто така само преку телефон, односно преку текстуалните пораки кои Кери повеќепати ѝ ги испрати, во обид да го поправи нивното пријателство.

Втората сезона на „And Just Like That…“ ќе биде премиерно прикажана на 22-ри јуни на платформата „Max“ (HBO Max).



Спонзорирани линкови

Маркетинг