Ева Лонгорија ја открила вистината за Викторија Бекам: Би сакала луѓето да знаат каква е таа навистина!

Точка

05/06/2023

15:52

4.667

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија е долгогодишна пријателка на позната модна дизајнерка Викторија Бекам, а неодамна открила каква е Викторија приватно.

Таа зборувала за нивното пријателство во иннтервју за магазинот „Тајмс“.




„Посакувам луѓето да знаат колку Викторија е смешна, шармантна и паметна. Мислам дека нормално таа е интровертна, но не и со мене. Ние сме неразделни“, рекла Лонгорија.


Тие се запознале преку поранешниот сопруг на Ева, Тони Паркер, кој бил добар пријател со сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Имено, паровите интензивно се дружеле додека Бекамови живееле во Лос Анџелес, а пријателството на познатите дами опстанало и по разделбата на Ева од Паркер, во 2013 година.



„Таа е многу лојална. Не постои момент кога не можам да ѝ се јавам доколку ми треба нешто. Често преспиваме заедно. Обично тоа е во викендичката на Викторија. Можеме да разговараме цела ноќ“, открила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг