Стара скица на Фреди Меркјури открива како всушност требало да се вика најголемиот хит на групата „Queen“

Точка

02/06/2023

19:53

4.463

Големина на фонт

а а а

Меѓу повеќе од 1.500 предмети од приватната колекција на Фреди Меркјури, пронајден е и текстот од песната „Bohemian Rhapsody“, еден од најголемите хитови на групата „Queen“.

Откриено било дека песната оригинално требала да го носи насловот „Mongolian Rhapsody“, пренесува „Guardian“.

Фронтменот на групата „Queen“ песната своевидно ја напишал под тој наслов, а подоцна ја преправил. На една од 15-те страници од нацртите на песната напишал наслов - „Mongolian Rhapsody“, а потоа го пречкртал „Mongolian“ и напишал „Bohemian“.

Меркјури оригинално поразлично го замислил и стихот „Mama, just killed a man. Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead“, а истиот требало да гласи: „Тhere’s a war began, I’ve got to leave tonight, I’ve got to stand and fight“.

Според пишувањето на странските медиуми, вредноста на нацртот на Меркјури е проценета на 1,2 милиони фунти.

Летово ќе се одржи едномесечна изложба на предметите не Фреди Меркјури. Предметите од домот на покојниот фронтмен на групата „Queen“ во западниот дел на Лондон ќе бидат изложени од 4 август до 5 септември.