По 26 години по неговата смрт, Тупак ќе добие ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Точка

01/06/2023

20:54

3.108

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Тупак Шакур конечно ќе добие ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд, и тоа повеќе од 26 години по неговата смрт, пишува „BBC“.

На легендарниот рапер ќе му биде оддадена чест во текот на церемонијата закажана за 7-ми јуни, кога ќе биде откриена неговата ѕвезда.

Холивудската стопанска комора потврди за „LA Times“ дека раперот ќе добие постхумна почест, што значи дека неговата ѕвезда ќе стане вкупно 2758-ма на Патеката на славните. Тупак е роден во Њујорк и имаше огромно влијание на хип-хоп и рап сцената на Западниот брег.


Секива Шакур, сестра на славниот рапер, ќе ја прими честа во негово име, а церемонијата ќе ја води радискиот водител од Лос Анџелес, Биг Бој.

Шакур, кој на сцената е познат како „2Pac“, го објави својот прв албум во 1991 година, а потоа уживаше во успехот на своите хитови како „California Love“, „All Eyez on Me“, „Changes“ и „I Ain't mad at Cha“.


Тупак почина на 13-ти септември 1996 година откако беше ранет во Лас Вегас. Имаше 25 години.

Во 2004 година, неговиот постхумно објавен сингл „Ghetto Gospel“ кој вклучуваше семпл од песната „Indian Sunset“ на Елтон Џон, доспеа на првото место на британската листа на синглови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг