Кендал Џенер во провокативно издание: Манекенката позирала во проѕирен фустан, градите ги прекрила со цветови

Точка

01/06/2023

16:33

9.056

Големина на фонт

а а а

Манекенката Кендал Џенер ги израдува следбениците на социјалните мрежи, особено машката популација, со атрактивно издание.

Имено, таа објавила снимка од јахта во Франција, на која позира во мини фустан дизајниран од страна на Давид Кома. Горниот дел на оваа креација е проѕирен, а градите ѝ биле прекриени со детали во облик на црвени цветови.


Кендал во последно време сè почесто се појавува во храбри аутфити, па така помеѓу останатото, беше снимена како носи проѕирен топ при едно излегување со момчето Бед Бани.

Во март, таа за кампањата на брендот „Calvin Klein“ се фотографираше топлес. Во кампањата исто така учествуваа и пејачките ФКА Твигс и Џени Руби, како и актерите Мајкл Б. Џордан и Арон Тејлор-Џонсон.


Инаку, Кендал во 2015 година започна професионално да се занимава со манекенство. Таа носеше ревии на бројни познати брендови како „Chanel“, „Oscar de la Renta“, „Marc Jacobs“, „Donna Karan“, „Alexander Wang“ и други.

Истата година, магазинот „Forbes“ ја смести на листата на манекенки кои најмногу заработуваат. Џенер се најде на 16-то место со проценет годишен приход од 4 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг