Вљубени и среќни: Каролина објави видео од романтичното патување со сопругот во Рим

Точка

29/05/2023

18:46

6.583

Големина на фонт

а а а

Нашата позната пејачка Каролина Гочева сподели интересно видео од нејзиното патување во Италија, на кое друштво ѝ правел нејзиниот сопруг Михаил Корубин.

На видеото може да се забележи парот како ужива во главниот град на Италија, Рим, во кој престојувале на крајот од месец април и почетокот на мај.

Убавите пролетни денови ги искористиле за посета на познатите Шпански скали, како и уживање во убавата храна и вина на Италија. Во видеото кое го објави пејачката, таа во неколку минути ги забележала најинтересните моменти од патувањето со сопругот – посета на музеј, уживање во чаша вино, прошетки по тесните улички, заеднички прегратки под чадор додека врне дожд...

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг