Го покажа своето тело во тигресто бикини: Шерон Стоун е заносна и во седмата деценија

Точка

25/05/2023

22:40

8.993

Големина на фонт

а а а

Славната холивудска актерка Шерон Стоун неодамна наполни 65 години, но тоа не ја спречува да ги следи трендовите и да позира на социјалните мрежи …

Актерката Шерон Стоун, меѓу другото, е позната и по својот сексапил и одлучила да покаже дека и во седмата деценија „не е за фрлање“, и дека не заостанува многу зад помладите колешки.

Таа на воодушевување на фановите на Инстаграм објавила селфи во костим за капење, фотографирајќи го својот одраз во огледало. Во бикинито со зелена боја и тигрест принт делува дека сè уште е во одлична форма.

„Подготвена за летото“, напишала кратко покрај објавата.

Многу фанови и поделиле бројни комплименти, а една од нив е и нејзината колешка Мишел Фајфер. Меѓутоа, имало и такви кои сметале дека ваквото позирање во тие години е неприкладно.

„Ја сакам Шерон, но ова не е за мене. Тоа е моето мислење“, гласи еден од коментарите под објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг