Кинеската влада во неделата објави нови ограничувања за еден голем американски производител на чипови, наведувајќи ги грижите за националната безбедност додека глобалната конкуренција околу напредните полупроводници ескалира.
Највисокиот кинески регулатор за сајбер-безбедност, познат како Кинеската управа за кибер-простор (CAC), најави ревизија на производите на "Micron Technology" набргу откако САД и Јапонија објавија нови ограничувања за пристапот на кинеските фирми до технологијата на чипови. "Micron" е водечки американски производител на полупроводници кои се користат во компјутерската меморија и хардверот за складирање податоци.
„Откриено е дека производите на "Micron" имаат сериозни ризици по безбедноста на мрежата на синџирот на снабдување, што влијае на националната безбедност на Кина – се вели во соопштението на "CAC", во кое не се прецизирани наводните безбедносни ризици.
China bans major chip maker Micron from key infrastructure projects https://t.co/YHgjtvWETi
— BBC News (World) (@BBCWorld) May 22, 2023
Операторите со критична инфраструктура во Кина треба да престанат да купуваат производи од "Micron", соопшти агенцијата.
„Кина цврсто го промовира отворањето кон надворешниот свет и, сè додека е во согласност со кинеските закони и прописи, ги поздравува претпријатијата и различните платформски производи и услуги од различни земји да влезат на кинескиот пазар“ објаснуваат тие.
Кинескиот закон ја дефинира „критичната инфраструктура“ нашироко, така што може да се примени на компании во широк опсег на економски сектори, почнувајќи од комуникациите и финансиските услуги до транспортните системи.
Во изјава за „FOX Business“, од "Micron" велат: „Добивме известување од "CAC" по прегледот на производите на "Micron" што се продаваат во Кина. Го проценуваме заклучокот и ги оценуваме нашите следни чекори. Со нетрпение очекуваме да ги продолжиме нашите разговори со кинеските власти“.
САД, Европа и Јапонија презедоа чекори во текот на изминатата година за да го ограничат извозот на софистицирани чипови кои се користат во производствените процеси за автомобили, паметни телефони и компјутери во Кина поради загриженоста дека кинеската влада би можела да ги искористи за да ја унапреди својата воена модернизација или понатамошна внатрешна репресија.
Потезите доаѓаат откако Кинеската Комунистичка партија зазема сè понаметлив став кон регионалните соседи како Тајван и „ги задушува човековите права во Хонг Конг и Ксинџијанг“.
Кина ги гледа технолошките ограничувања како обид да се блокира нејзиниот развој и постепено возвраќа поради загриженоста дека трговските ограничувања би можеле да имаат негативно влијание врз кинеските компании кои произведуваат телефони, компјутери и други електронски уреди.
Околу 10 отсто од приходите на "Micron" доаѓаат од Кина, но повеќето од тие продажби доаѓаат од не-кинески фирми кои набавуваат чипови за употреба во производи произведени во Кина.