Глобалното затоплување наскоро ќе го надмине прагот на клучната граница: Какви последици ќе има тоа?

Точка

20/05/2023

18:03

24.759

Големина на фонт

а а а

На веќе прегреаната Земја се очекува за првпат да биде пробиена клучната температурна граница во следните неколку години, предвидуваат научниците.

Истражувачите велат дека има 66 отсто шанси температурите да надминат 1,5 степени Целзиусови од глобалното затоплување најдоцна до 2027 година. Шансите се зголемуваат поради човечките активности и подоцна природниот феномен, „Ел Нињо“. Доколку светот навистина ја надмине оваа граница, научниците нагласуваат дека надминувањето на температурната граница, иако e загрижувачко, најверојатно ќе биде привремено.


Достигнувањето на прагот би значело дека светот е за 1,5 степени Целзиусови потопол отколку што бил во втората половина на 19 век, пред навистина да почнат да растат емисиите на фосилни горива од индустријализацијата. Надминувањето на границата дури и за само една година е загрижувачки знак дека затоплувањето се забрзува, а не се забавува. Бројката од 1,5 Целзиусови степени стана симбол на глобалните преговори за климатските промени. Земјите се согласија да „продолжат со напорите“ за ограничување на порастот на глобалната температура на 1,5 Целзиусови степени според Парискиот договор од 2015 година. Одењето над 1,5 степени Целзиусови секоја година во рок од една или две децении, би довело до многу поголеми последици од затоплувањето, како што се подолги топлотни бранови, поинтензивни бури и шумски пожари. Но, преминувањето на прагот во една од следните неколку години не би значело дека е прекршена границата пропишана со Парискиот договор.

Научниците велат дека се уште има време да се ограничи глобалното затоплување со нагло намалување на емисиите.

Од 2020 година, Светската метеоролошка организација (СМО) ги проценува шансите светот да ја надмине границата од 1,5 °C во било која година. Во тоа време, тие предвидувале дека има помалку од 20% шанси да се надмине 1,5 °C во следните 5 години. До минатата година процентот се зголемил на 50%, а сега веќе на 66%.

Што значи премин над 1,5 °C?

Оваа бројка не е директно мерење на глобалната температура, туку показател колку Земјата се загреала или оладила во споредба со долгорочниот глобален просек. Научниците користат податоци за просечната температура од периодот помеѓу 1850-1900 година како мерка за тоа колку бил загреан светот, пред да почнат да се потпираат на јаглен, нафта и гас во современиот свет.


Со децении се верувало дека ако светот се загрее за околу 2 °C тоа би било прагот за опасни влијанија – но во 2018 година тие ја ревидирале оваа проценка, покажувајќи дека надминувањето на 1,5 °C би било кстастрофално за светот. Најтоплите глобални температури биле забележани во 2016 година и биле 1,28 °C над просекот од прединдустрискиот период. Сега истражувачите велат дека таа бројка ќе биде надмината, 98% се сигурни дека тоа ќе се случи пред 2027 година. „Навистина сме на работ на привремено пречекорување од 1,5 °C во просечната годишна температура и првпат во историјата на човештвото доаѓаме толку блиску“, изјавил професорот Адам Скајф, шеф на долгорочните прогнози во „Мет Офис“, кој собирал податоци од метеоролошките и климатските агенции ширум светот. „Мислам дека тоа е можени најочигледната и наједноставната статистика што ја имаме во извештајот“, рекол тој на неодамнешната прес-конференција.


Истражувачите нагласиле дека температурите би требало да останат на или над 1,5°C во наредните 20 години за да се каже дека е надминат прагот од Парискиот договор. „Овој извештај не значи дека трајно ќе го надминеме нивото од 1,5 °C, што се однесува на долгорочното затоплување во текот на повеќе години“, изјавил генералниот секретар на „СМО“, проф. Петери Талас. „Сепак, „СМО“ предупредува дека привремено ќе го надминеме нивото од 1,5 °C со сè поголема фрекфенција“, рекол тој.

Каква разлика ќе направи „Ел Нињо“?

Постојат два клучни елементи – првиот е континуираното високо ниво на емисии на јаглерод од човековите активности кои, и покрај падот за време на пандемијата, сè уште растат. Вториот, критичен елемент е веројатната појава на „Ел Нињо“, временски феномен со глобални импликации.


Во последните 3 години, феноменот „Ел Нињо“ донекаде го ублажил затоплувањето на климата. Но, топлината што „Ел Нињо“ ќе ја донесе на површината на Пацификот најверојатно ќе ги поттикне глобалните температури на нов максимум следната година. Сепак, сè уште постои неизвесност за потеклото и размерите на феноменот. „Вреди да се напомене дека многу од нашите прогнози кои сега се прават за „Ел Нињо“, за кој мислиме дека ќе се развива оваа зима укажуваат на доста голема амплитуда“, изјавил професорот Скајф за новинарите. „Но, за да ја предвидиме големината или последователниот феномен во перод од 5 години, не можеме да дадеме точни датуми однапред повеќе од една година, така што може да се случи за 3 или 4 години да достигнеме до 2,5 °C и тоа како резултат на „Ел Нињо“.

Кои се можните влијанија?

„Арктикот ќе доживее поголемо затоплување од останатите региони, а Северна Европа најверојатно ќе доживее зголемени врнежи помеѓу мај и септември во наредните 5 години“, пишува во извештајот.