Во трендинг на Јутјуб: Младата Марија Спасовска ја објави новата песна - ќе ве зарази од прво слушање!

Точка

19/05/2023

18:05

4.109

Големина на фонт

а а а

Додека поголемиот дел од македонската музичка естрада „спие“, младата Марија Спасовска напорно работи и еве, за кратко време објави уште една нова песна.

„Опасно“ е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи, што е одлична бројка за толку кратко време.


Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо.

Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработија момците од „Урбан рекордс“, во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти...


Да не должиме многу, слушнете, погледнете и уживајте:



Спонзорирани линкови

Маркетинг