Тортиљите се добитна комбинација кога сакате вкусен, а едноставен оброк.
Овој рецепт не само што ќе ве воодушеви со вкусот, туку и после него нема да имате многу садови кои е потребно да се мијат.
Потребни состојки:
- тортиљи
- мелено месо
- масло и зачини (сол, црн бибер, сечкан магдонос)
- салата по желба (зелена салата, црвен кромид, домат)
- кашкавал (опционално)
- сос по желба
Начин на подготовка:
Во тава додајте малку масло за јадење и оставете да се зaгрее на повисока температура. За тоа време земете една тортиља и врз неа ставете малку мелено месо кое претходно сте го зачиниле.
Можете да користите зачини по желба, а се препорачува да додадете и малку сечкан магдонос и црвен кромид за побогат вкус.
Потоа свртете ја тортиљата со меленото месо надолу и печете неколку минути. Откако меленото месо ќе се испече, повторно свртете ја тортиљата и врз меленото месо ставете го зеленчукот, сосот како и кашкавалот. Преклопете и уживајте во прекрасниот вкус!