(Видео) Погледнете го најскапото паркирање на светот: Го смести болидот на 57-ми кат

Точка

15/05/2023

12:02

12.335

Големина на фонт

а а а

Младиот богаташ предизвикал завист кај некои луѓе, но и дополнителна доза на бес.

И додека многу луѓе во светот гладуваат, а на други им се тресе под нозете поради огромната инфлација, младиот богаташ не знае што да прави со парите. Адриан Порторели е млад австралиски бизнисмен кој со својот последен потег предизвикал бес во јавноста поради неразумното трошење пари. Откако својата колекција ја збогатил со три милиони вреден тркачки болид од „McLaren“, одлучил да го паркира во дневната соба на својот 39 милиони долари вреден дом.

Меѓутоа, тој не живее во куќа, туку во пентхаус на 57-ми кат. За да го „паркира“ морал да употреби посебен кран, а во кревањето учествувал цел тим од работници. Имено, освен што морале да го креваат скапоцениот товар, работниците пред тоа морале да стаклен додаток на врвот на облакодерот за да го сместат скапоцениот болид во станот.

Многумина, секако, се прашувале зошто го прави сето тоа и ако веќе не мисли да вози ваков посебен автомобил, зошто воопшто го купувал. Неговиот одговор дополнително ја разбеснил јавноста.

„Овој автомобил не може да се регистрира за патна употреба, па само собира прашина во гаража. Одлучив да го ставам некаде на сигурно – на 57. кат! Ви благодарам на сите кои учествувавте и овозможивте да се случи овој апсолутно надреален момент“, стои во објавата на Порторели.

Потсетуваме, Мекларен произвел само 75 примероци од овој автомобил наменет за возење исклучиво на тркачки патеки. Го придвижува моќен 4.0 V8 мотор со 825 коњски сили, а перформансите, најблаго кажано – се страшни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг