(Фото) Готово е: И „Maserati“ им кажа збогум на „V8“ моторите

Точка

12/05/2023

17:49

12.525

Големина на фонт

а а а

„Maserati“ во склад со наредбите од врвот се определи за електрична иднина.

И додека „Ferrari“ ќе продолжи со дружењето со октанските ѕверови, во „Maserati“ наскоро нема да има место за љубителите на класични мотори на бензин. Последниот поздрав компанијата ќе го има наскоро во Гудвуд на фестивалот на брзината.


По тој повод „Maserati“ ќе ги претстави „Ghibli 334 Ultima“ и „Levante V8 Ultima“ верзиите, додека „Trofeo“ од производство ќе излезе до крајот на годината. Со тоа „Масерати“ ќе се збогува од „V8“ моторот на „Ferrari“ и ќе продолжи уште некое време го нуди посебниот „Nettuno V6“.


Збогувањето со „V8“ е навистина голема работа. Од 1959-та година „Maserati“ оживеал повеќе од 100.000 автомобили со „V8“ мотори. Актуелниот 3.8 V8 twin-turbo дава 580 коњски сили, а од понудата излегува откако „Ferrari“ ја сопре испораката за „Maserati“.


Компанијата тажната вест за заминувањето на „V8“ моторот во историјата ја објави во текот „Motor Valley Festivalot“, кој овие денови се одржува во Модена. Прикажале посебни изведби вклучувајќи го уникатниот „GranTurismo Zèda“, но и електричната изведба „Folgore“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг