Рајан Гослинг на мета на критики поради улогата на Кен: „Престар е, изгледа како дедо“

Точка

10/04/2023

09:50

3.801

Големина на фонт

а а а

Пристигна новиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Barbie“, но некои не се воодушевени од изгледот на Кен.

Поточно, припадниците на генерацијата Z сметаат дека Рајан Гослинг е престар и го обвиниле 42-годишниот актер дека им го уништува искуството.

„Рајан Гослинг е премногу грд и престар за улогата на Кен. Жал ми е, но неговите брчки ме одбиваат од целото искуство“, напишал еден корисник на Твитер, а друг се сложил: „Требало да го ангажираат Хенри Кавил или Крис Еванс“.

„Официјално е. Кен изгледа како 40-годишник во криза на средните години“, „Го сакам Рајан Гослинг, но не знам зошто изгледа престаро. Не знам дали е поради фризурата или тенот“, „Кен изгледа како дедо Кен“, се дел од коментарите.

Но, некои застанале во одбрана на актерот, како еден Твитерџија кој се пошегувал дека и „вистинскиот Кен“ е 50-годишник, а имало и такви кои со мемиња ѝ испратиле порака на генерацијата Z.



Спонзорирани линкови

Маркетинг