Ван Бастен распали по Ван Дајк и му порача да ја предаде капитенската лента: Креира хаос во тимот

Дерби

29/03/2023

11:28

1.125

Големина на фонт

а а а

Роналд Куман ги прозва своите играчи и истакна дека е крајно незадоволен од изданието против Гибралтар, заклучувајќи дека ги имал најлошите седум дена како селекторот на националниот тим.

Повратникот во холандската фудбалска репрезентација направи кам-бек со тежок пораз од Франција на Стад де Франс, но по убедливиот пораз, скромното издание против аустајдерот Гибралтар не ги залечи отворените рани.

Куман нагласи дека неговиот тим ќе мора напорно да работи за да ги поправи работите за следниот собир, но иако се покажа како навистина самокритичен, оној кој се најде посебно на удар е капитенот Ван Дајк.

Легендарниот Марко Ван Бастен сериозно распали по стоперот на Ливерпул, на кого му препорача дека најдобро ќе биде да ја предаде капитенската лента на друг играч кој има лидерски квалитети.

– Тој прави врева и вика, но не кажува ништо паметно. Тој не е доволно јасен за соиграчите. Добар капитен треба да биде гласен, но и јасен во тоа што го кажува. Тој е нешто измеѓу и креира хаос во тимот. Тоа прави да има недоразбирања на теренот и не смее да се дозволи за еден капитен.

– Во соблекувалната може е добар, но тактички и технички на теренот не е. Потребен е друг капитен на теренот. Ова нема врска со тешката повреда која ја имаше, едноставно му недостасуваат лидерски квалитети. Капитен не се станува, мора да биде дел од вас, – порачува Ван Бастен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг