Наместо лежечки полицајци: Новиот систем во Ванкувер често ги збунува возачите

Точка

28/03/2023

17:33

11.875

Големина на фонт

а а а

Локалната новинарка Џил Бенет неодамна на „Twitter“ се пожалила дека бариерите резултираат со чести несреќи.

Властите низ целиот свет прават се за да ја ограничат брзината на градските сообраќајници, а овој систем во Канада е еден од новитетите.

Сепак, не е сигурно дали овој проект е најдоброто нешто на кое сообраќајните експерти можеле да се досетат.

Во текот на пандемијата на коронавирусот градските власти на Ванкувер ја започнале кампањата „Бавни улици“. Таа идеја се покажала како трајна, а сега се базира на две бетонски патеки кои соочуваат патиштата и го насочуваат возачот на премин со намалена брзина, наведува „Revija HAK“.

Локалната новинарка Џил Бенет неодамна на „Twitter“ се пожалила дека бариерите резултираат со чести несреќи. Објавила и фотографија од автомобил заглавен на една од нив.

Бетонските бариери се наоѓаат на улиците на кои се забележани чести несреќи, односно проблеми со брзината. Поставени се дури 42 бариери во Ванкувер. Меѓутоа, не размислуваат сите како Бенет. Имено, многумина го поддржуваат овој проект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг