„Apple“ во јуни подготвува изненадување: Долгоочекуваниот уред станува реалност

Точка

28/03/2023

16:25

11.849

Големина на фонт

а а а

Гигантот од Купертино се подготвува за претставување на „MR (mixed reality) headset), кој веќе е демонстриран на група од 100 водечки луѓе во компанијата.

Во извештајот на „Bloomberg“ се наведува дека „Apple“ во јуни во текот на конференцијата „WWDC 23“ за програмери ќе претстави „MR headset“ под името „Apple Reality Prov“ или „Apple Reality One“, кој ќе стане еден од најважните уреди кои компанијата ги претставила во подолг временски период.

Раководството на „Apple“ било повремено информирано за развојот на уредот во текот на годините, но последната демонстрација е последното скалило пред официјалното претставување во јуни.

„Bloomberg“ во својата неодамнешна анализа навел дека, доколку се утврдат како комерцијален неуспех, „MR“ очилата би можеле сериозно да ја загрозат репутацијата на компанијата.

Како ќе изгледаат?

„New York Times“ објави дека очилата ќе имаат дизајн сличен на очила за скијање. Рамката ќе биде направена од карбон, додека екстерната батерија ќе биде сместена во посебно пакување и ќе трае неколку часа.

Дизајнот на очилата нема да им одговара на лицата кои носат диоптерски очила, но „Apple“ наводно планира на нив да им понуди посебни леќи со два „4K“ дисплеи.

Ќе постојат неколку таргетни групи меѓу кои се и уметниците, а меѓу опциите на располагање се и видеоразговори.

Специјалната апликација „Copresence“ ќе им овозможи на корисниците да минат време заедно во „VR“ окружување, а „Apple“ планира да им понуди и холивудски содржини.

Светските медиуми наведуваа дека очилата веројатно ќе чинат околу 3.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг