Селекторот Љупчо Савевски објави список од 35 ракометарки за баражот со Украина

Макфакс

27/03/2023

18:19

21.970

Големина на фонт

а а а

Женската ракометна репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство силите ќе ги одмери силите со Украина на 8 април во Скопје, а три дена подоцна ќе има реванш во унгарскиот град Кишварда.

Селекторот Љубомир Савевски го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за оваа акција. На него има 35 ракометарки од кои 12 се интернационалки.