Рецепт за ролати од тиквичкa потпечени во сос од домати: Се топат во уста

Точка

27/03/2023

16:53

14.241

Големина на фонт

а а а

Кога ќе започне работната недела, последно нешто што нѝ паѓа напамет е да поминеме подолго од половина час во кујната. Затоа прибегнуваме кон рецепти кои изискуваат минимално време на подготовка.

Тиквичката е идеален зеленчук бидејќи лесно се комбинира со останатите намирници и се подготвува на безброј начини.

Ние денеска ви претставуваме рецепт за ролати од тиквичка запечени во сос од домати, а најдобро од сè е што многу брзо се подготвуваат, а вкусот е неверојатен.

Потребни состојки:

- 3 тиквички со средна големина
- 1 пакување крем-сирење
- 500 гр. урда
- малку спанаќ
- 500 мл. сос од домати
- зачински билки
- сол


Начин на подготовка:

Тиквичките измијте ги, отстранете им ги краевите и исечкајте ги на тенки ленти.

Посолете ги и наредете по 4 до 5 ленти една врз друга, така што ќе се преклопуваат. Премачкајте ги со крем-сирење и одозгора додајте ја урдата, неколку листови спанаќ и зачински билки по желба. Потоа замотајте ги во мал ролат.

Постапката повторувајте ја сè додека имате тиквички и крем-сирење. Во подлабок сад за печење ставете го сосот од домати и во него спуштете ги ролните.

Печете во загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Можете да ги јадете самостојно или како прилог со некое месо.