Надзорни камери ќе можат да детектираат пијани возачи, еве и како

Точка

26/03/2023

12:14

12.178

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на надзорни камери е базирана на вештачка интелигенција и ќе може да детектира возачи под дејство на алкохол.

Новата генерација на камери ја развива австралиската компанија „Acusensus“ со тамошната Сојузна канцеларија за безбедност во патниот сообраќај и Универзитетот Грифит. Станува збор за камери кои ќе можат да го детектираат однесувањето на возачот зад воланот и да го класифицираат, и на основа на достапните информации да препознаат некои обрасци на однесување, пишува „Car Expert“.

При пребрзо возење е лесно да се детектира сторителот, но овие камери предвид ќе го земаат и патувањето на возилото, поместувањето во патните летни и низа факти кои помагаат во дефинирањето на вниманието на возачот. Како што дознава „7News“, во текот на развојот е користен симулатор со компјутерски генерирани патишта во некои австралиски градови за составот да научи да го разликува однесувањето на трезен и пијан возач.

Конечниот резултат би бил камерите, односниот нивниот оперативен систем во реално време да обработува податоци и информациите да ги праќа во полиција.

Во првата фаза на тестирањето системот ќе биде поставен фиксно, а ќе го надгледуваат полициски службеници. Снимките ќе ги обработува систем базиран на вештачка интелигенција, ќе детектира пијани возачи и веднаш ќе ја известува полицијата, која ќе го сопира возилото.

Целта е да се намали бројот на смртни случаи кои се припишуваат на возење под дејство на дрога или алкохол, а повод била успешната имплементација на камерите со систем за откривање на мобилни телефони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг