Денвер Нагетс, предводени од нова фантастична партија на Никола Јокиќ, стигнаа до 129:106 победа над Милвоки бакс, во дуел на двете најдобри екипи на Западната и Источната конференција во НБА лигата.
Почетокот на мечот беше израмнет, откако и покрај 18-те поени на Џамал Мареј во првата четвртина, Бакси имаа 37:38 предност, која се зголеми на максимални 40:48 во втората четвртина. Клучна беше третат четвртина, во која Нагетси успеја да го сопрат Јанис Адтокумбо за да направат пресврт и предност од 97:85 по три четвртини. По ова немаше враќање за гостите.
Јокиќ го заврши мечот со 31 поен, 6 скок и 11 асистенции, Џамал Мареј додаде 26 поени, додека за гостите, Адетокумбо исто така заврши со 31 поен, но само седум во второто полувреме.