Мајката на Шакира доживеала мозочен удар: Итно хоспитализирана, еве каква е нејзината состојба сега

Точка

23/03/2023

20:52

5.240

Големина на фонт

а а а

Мајката на познатата пејачка Шакира итно е хоспитализирана откако ѝ е откриено згрутчување на крвта во ногата.

Нидија Рипол, наводно, прво доживеала мозочен удар, но шпанските медиуми објавија дека извори блиски до пејачката рекле дека проблемот е поврзан со длабока венска тромбоза. Исто така, се тврди дека нејзината состојба не влијаела на мозокот, но познатата колумбиска пејачка сè уште не се огласила за ова.


Се вели дека и таткото на Шакира, Вилијам Мубарак, има сериозни здравствени проблеми по операцијата минатата година, што влијаеше на одлуката на Шакира да ја одложи преселбата во Мајами со децата - таа реши да го направи тоа по разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Имено, Мубарак претходно бил хоспитализиран во Барселона, откако паднал. Пејачката планирала да се пресели од Барселона на Флорида на почетокот на годината со синовите Милан и Саша.


Меѓутоа, лекарите ги откриле здравствените проблеми на мајката откако таа не се чувствувала добро, поради што побарала лекарска помош и во петокот итно била пренесена во болница. Моментално е надвор од животна опасност и се очекува во догледно време да се врати дома.

Сè уште е неизвесно дали Шакира ќе мора повторно да го одложи планот да ја напушти Шпанија, откако веќе мораше да го стори тоа во јануари, одлучувајќи да чека до крајот на учебната година во јуни. Шакира и Пике претходно потврдија дека потпишале договор за старателство по долги преговори, кои завршија со маратонска 12-часовна средба со нивните адвокати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг