„Парни ваљак“ објавија песна со нов пејач: „ Духот на Аки секогаш ќе биде присутен во нас, но продолжуваме понатаму“

Точка

23/03/2023

17:27

4.576

Големина на фонт

а а а

Бендот „Парни ваљак“ денеска на својот канал на Јутјуб објави нова песна наречена „Moja glava, moja pravila“.

Ова е воедно и прва песна по смртта на фронтменот Аки Рахимовски, а ја снимија со младиот пејач Игор Дрвенкар, кој извесно време се претпоставуваше дека ќе го замени Аки. Од денеска и официјално настапуваат под името Parni valjak feat. Igor.

„Ги надминавме дилемите, продолжуваме понатаму, бидејќи без свирење немаме цел. Духот на Аки секогаш ќе биде присутен во нас, а во Игор препознавме одличен човек со кој тргнуваме во нова авантура“, изјавија членовите на бендот за хрватските медиуми.

Музиката и текстот за оваа песна ги компонирал членот на бендот Хусеин Хасанефендиќ Хус. За режијата, камерата и монтажата бил задолжен Динко Чвориќ - Дориног, а на втората камера асистирал Давор Батисвајлер.

За потсетување, „Парни ваљак“ го загубија Аки во јануари минатата година, а во негова чест заедно со пријатели и музичари одржаа концерти „Ваљак и пријателите: Доволно е да се каже... Аки“ во Загреб и Пула.




Спонзорирани линкови

Маркетинг