Новото „Lamborghini“ во градски режим ќе има само 180 коњски сили

Точка

22/03/2023

15:28

11.846

Големина на фонт

а а а

„Aventador“ добива замена, а ќе ја видиме премиерно за неколку дена.

Во исчекување на премиерата, од „Lamborghini“ полека ги откриваат деталите. Како што е познато, наследникот на „Aventador“ се крие зад кодното име „LB744“ кој карактеризира хибриден погон со 6.5 V12 атмосферски мотор и три електромотори. Само „V12“ дава до 825 коњски сили при 9250 o/min со 725 Nm од 6750 o/min. Ако на се ја додадеме струјата, станува збор за 1015 коњски сили. Погонот е на сите тркала каде предната осовина ја придвижува исклучиво електрична енергија.

„Lamborghini“ сега открива дека предвидел дури 13 дефинирани начини на работа, каде три се сосема нови. Освен познатите хибридни модови како што се „Recharge“, „Hybrid“, „Performance“, можно е и посебно да се изберат или да им приклучат програмите „Citta“, „Strada“, „Sport“ и „Corsa“.

Градскиот „Citta“ мод е посебно интересен. Станува збор за најштедливиот мод на работа со нулта емисија. Тоа значи дека автомобилот вози исклучиво на струја, а на возачот на располагање му е само дел од погонот, односно вкупно 180 коњски сили.

„Recharge“ начинот значи дека „V12“ моторот е вклучен и работи на полнење на батеријата, што трае само 6 минути. Спортските начини не е потребно посебно да се претставува, туку доволно е да се каже дека „Corsa Performance“ модот на автомобилот му го дава својот максимум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг