„SsangYong“ добива електричен погон и унапреден дизајн

Макфакс

21/03/2023

13:23

10.641

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејскиот произведувач има новитет во асортиманот. Тоа е моделот „Torres“ во електрична верзија. Поточно, ќе ја добие на 30-ти март на Салонот за автомобили во Сеул.

Визуелно, автомобилот од конвенционалната верзија се разликува само според деталите, посебно видливи од предната страна. Решението кое досега не сме го виделе е додатокот за дневните светла со 6 LED светлосни извори.

Значително поголеми промени има во кабината, каде „Torres“ сега има нов дигитален кокпит со два екрани, кој визуелно многу потсетува на ота што го нуди „BMW“.


Конзолата исто така е поинаква, а фотографиите од преостанатиот дел на внатрешноста засега не се објавени.


„SsangYong“ електричниот SUV кој ќе се нуди под новото име „KG Mobility“, има батерија со капацитет од 55,3 kWh, што е доволно за досег од 340 километри според VWTP стандардите.


За деталите како што се сила на електромоторот, конфигурации и достапност на AWD погон ќе знаеме за две недели, по премиерата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг