Зошто мажите во бракот ги изневеруваат своите сопруги? Руски психолог открива какви особини треба да имате за партнерот да ви биде верен

Точка

20/03/2023

18:16

36.025

Големина на фонт

а а а

Рускиот психотерапевт и сексолог Артем Толоконин проговорил за неверството и за луѓето кои влегуваат во афери.

Толоконин привлекол внимание кај луѓето кога одговорил на прашањето какви особини треба да имаат жените за мажите да не ги изневеруваат.

Според неговите зборови, тука се пресудни внатрешните, а не надворешните квалитети. Една од особините која жената треба да ја поседува е самодовербата во комбинација со самољубието.


„Кога жената се чувствува како нешто посебно и како редок дијамант, кога себеси се гледа како единствена личност, доколку е сигурна во себе и има свои квалитети и емитува среќа и сексапил, тогаш веројатноста дека партнерот ќе ја изневери или напушти е минимална“, вели психологот и додава:

„Освен тоа, помала е веројатноста дека мажите ќе ги изневерат жените кои не се плашат од неверство. Привлекуваме тоа од што се плашиме. Доколку жената не се плаши од предавство на својот партнер, тогаш веројатноста дека тоа ќе се случи е минимална“, изјавил тој.

Ништо помалку важно не е способноста несебично да го сакате партнерот и да се чувствувате природно и удобно во врската:

„Тогаш партнерот ќе чувствува сè што му е потребно во животот од жената, доколку има сè што му е потребно, различно ќе ги гледа другите жени, односно предизвиците од страна ќе му бидат помалку привлечни“, вели психологот.


На крај, Толоконин наведува дека многу е важно во какво семејство жената пораснала.

„Кога родителите, бабите и дедовците не изневерувале, а во семејството владеело хармонија, среќа и љубов, тоа е исто така многу добар образец да се создаде однос во кој нема да има неверства“, заклучил психологот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг