Високиот крвен притисок важи за „тивок убиец“ затоа што болеста на почетокот не прави никакви здравствени проблеми.
Многу од луѓето имаат проблеми со високиот крвен притисок, познати и како хипертензија. Оваа болест важи за „тивок убиец“ затоа што заболените на почетокот немаат апсолутно никакви здравствени проблеми, а тие се откриваат дури кога ќе настанат некакви здравствени компликации.
Доколку имате проблем со високиот крвен притисок, задолжително внимавајте на исхраната, но покрај тоа важно е и кои пијалаци ги консумирате. Овие неколку треба задолжително да ги избегнувате.
Кафе
Прво на листата е кафето затоа што тоа е напиток којшто многумина го пијат секојдневно. Меѓутоа, премногу кафе може да има негативно влијание на здравјето и хипертензијата. Воопшто, пијалаците кои содржат кофеин, вклучуваат чај, кафе и енергетски пијалаци.
Алкохол
Лицата кои имаат висок крвен притисок треба да избегнуваат и алкохол. Клиниката „Мејо“ наведува повеќе од три алкохолни пијалаци кои можат да го зголемат крвниот притисок. Според истражувањата, консумирањето на седум или тринаесет алкохолни пијалаци неделно поврзани се со зголемен крвен притисок.
Енергетски пијалак
Енергетските пијалаци воопшто можат лошо да влијаат на здравјето, но и да ги зголемат шансите за развој на хипертензијата. Еден од виновниците за тоа е кофеинот којшто се наоѓа во нив.
Засладени, газирани пијалаци
Нутриционистите велат дека засладените, односно газираните пијалаци се преполни со дополнителен шеќер, па со самото тоа многу негативно влијаат на крвниот притисок. Доколку имате проблем со високиот крвен притисок, избегнувајте консумирање на сите газирани и ледени пијалаци.