Новите фотографии од манекенката го растажија светот: Уживаше во славата и богатството, но дрогата ја претвори во бездомник

Точка

20/03/2023

11:50

15.726

Големина на фонт

а а а

Многумина се надеваа дека манекенката и актерка Лони Вилисон ќе успее да ги победи животните проблеми и дека некој ќе ѝ помогне и ќе ја спаси од улиците на кои со години живее како бездомник.

За жал, новите фотографии од западен Холивуд се доказ дека нештата не се промениле.


Додека претходно се пишуваше за тешкиот живот на Лони, некои од нејзините пријатели се огласија во јавноста и порачаа дека сакаат да ѝ помогнат, но по овие фотографии луѓето се прашуваат дали нивните намери се искрени.


Лони Вилисон сè уште живее на улица и едвај преживува. Таа беше кралица на модните писти, а популарноста ѝ донесе богатство од милиони долари. Поранешниот модел за костими за капење и сопруга на ѕвездата на „Baywatch“, Џереми Џексон, се сметаше и за една од најатрактивните жени на светот.

Но, популарноста и успесите ги замени со зависноста од наркотици. Лони пред 9 години се разведе од Џереми, со кој се венчаше во 2012 година.


„Не сум разговарала со Џереми. Не сакам да разговарам со моите пријатели. Сосема добро ми оди. Не сакам никој да ми помага... Немам мобилен телефон, имам храна и место за спиење. Понекогаш добивам пари, а храна наоѓам во кантите и во близина на продавниците“, изјавила Вилисон претходно за британскиот „Sun“.

Нејзината зависност придонела и до губење на работата во клиника за пластична хирургија каде работела како асистент, а била кратко вработена и како трговец со недвижности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг