Медведев со разорен сервис го искрши електричниот билборд во Ротердам

Дерби

20/02/2023

11:56

1.211

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев ја освои титулата во Ротердам и стигна до 16-от трофеј во својата професионална кариера, откако вчера успеа да се врати од сет негатива и да слави со пресврт.

Русинот најде решение за надежниот Јаник Синер и со серија од 5:0 го приведе мечот во своја полза, па така на крајот славеше со 5:7, 6:2 и 6:2.

Поранешниот светски рекет број еден покажа дека полека се враќа во форма по кризниот период кој го имаше во последно време, но за време на финалето, го понуди и најинтересниот момент.

Данил е познат по својот силен сервис кој често знае да биде недофатлив за ривалите, но силата на ударот вчера беше кобна и за електричната реклама во Ротердам.

Медведев успеа да ја искрши рекламата со својот силен сервис, па мораше да реагира еден од техничарите за да продолжи мечот во нормален тек.