Македонските навивач, кои се на Градскиот стадион "Тоше Проевски" за да ја бодрат репрезентацијата на Македонија против Велс, во еден глас ја испеаја македонската химна.
Веднаш по интонирањето на националните химни, пред првиот судиски свиреж имаше и минута молк во чест на загинатите во трагедијата во Кочани.
Македонската химна за почит за жртвите во Кочани
Posted by Прва Република on Tuesday 25 March 2025
Селекторот Благоја Милевски ја одбра почетната постава и во истата најголема опасност кон голот на противникот ќе бидат Миовски и Елмас.
На голот е Димитриевски, пред него се Алиоски, Зајков, Серафимов и Муслиу, Барди и Алими треба да имаа големо влијание на средината на теренот, а тука се и борбениот Костадинов и Илиевски.