Македонија во последните секунди испушти победа против Велс

Точка

25/03/2025

22:58

1.487

Големина на фонт

а а а

Македонија одигра 1-1 против Велс во меч од второто квалификациско коло за пласман на Светското првенство во 2026.

Двата гола беа постигнати во судиското продолжение. Малку фалеше Македонија да дојде и до седмата победа по ред. Откако Миовски погоди во 92. минута. Брукс успеа да изедначи во 96-тата, иако судијата покажа само 4 минути екстра време за доигрување.

Со овој резултат двете селекции имаат по 4 бода во групата Ј каде пак вечерва Казахстан дојде до првото славје против Лихтенштајн со 2-0.

На Националната арена „Тодор Проески“ дојдоа голем број навивачи кои дадоа поддршка на Македонија но со купениот билет донираа и за настраданите во големата несреќа во Кочани. Целиот приход од билетите од овој натпревар ќе биде донација за настраданите.

Натпреварот започна со минута молк за жртвите од Кочани.