Овој деликатес се подготвува едноставно и релативно брзо, а е совршен за оние кои преферираат овошни десерти.
Доколку не сакате „тешки“ колачи со печени кори и многу чоколадо, туку преферирате овошни сорти, специјалитетот на босанската кујна е вистинскиот избор за вас.
Туфахиите се вистинска енергетска бомба која го гали непцето, а нивниот вкус тешко се заборава.
Состојки:
- 10-13 јаболка;
- 1 л. вода;
- 500 гр. шеќер;
- 200 гр. мелени ореви;
- 1 дл. слатка павлака;
- 1/2 лажичка цимет;
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав;
- 1/2 лимон;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 2 кесички шлаг;
- сечкани ореви.
Подготовка:
Најпрвин, излупете ги јаболката. Потоа направете сируп, така што во сад ќе ги ставите водата, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер и варете додека не се растопи шеќерот.
Потоа, додајте ги јаболката да бидат едно до друго за да можат да се вртат при готвењето.
По десет минути варење, извадете ги јаболката од сирупот. Само внимавајте да не ги преварите.
Во друг сад ставете слатката павлака и 50 грама шеќер, па варете додека не се растопи. Тргнете од оган, па додадете ги мелените ореви, циметот и ѓумбирот.
Со оваа топла смеса наполнете ги јаболката и наредете ги во плех на кој преходно сте ставиле малку од сируп во кој се варени јаболката.
Оставете ги јаболката да се изладат.
Потоа изматете го шлагот и украсете ги јаболката со шлаг и сечканите ореви.