[ФОТО] Откриена е цената на новите станови во Дубаи кои ги дизајнираше „Bugatti“

Точка

16/07/2025

15:16

1.458

Големина на фонт

а а а

Двата славни брендови на суперавтомобили и недвижнини ги здружиле силите, а становите, како и нивната цена ќе ве остават без текст.

„Bugatti“ ги здружи силите со дизајнерите на луксузни недвижнини „Binhatti“ за да ги открие култните станови во Дубаи.

Тоа било обединување на визиите од овие два бренда, оддавајќи почит на духот на француската ривиера во срцето на метрополата Дубаи.


Двете кули од 52 ката ги обединуваат восхитувачките бранови на плажата на француската ривиера и дините на пустините на Дубаи.

Како динамични скулптури, фасадата на апартманите нуди нова перспектива и чувство на проток од секој агол.

Зградата со хипер форма е уште една восхитувачка недвижнина во Дубаи и има внимателно избрани распореди за секој кат.

Секој стан нуди неверојатен поглед кон градот и панорамски поглед кон култните водени канали во Дубаи. Со прозорци од подот до плафоните, високи плафони и отворени единици, резултатот е неверојатен.


Резиденциите ќе се пофалат и со „Bugatti“ мебел по мера со препознатливи елементи од дизајнот на овој бренд.

Легендарните „C линии“ во мебелот до исклучителни мотиви на „потковици“, ќе бидат деталите кои се наоѓаат во секој агол.

Оние кои ќе престојуваат во оваа раскошна оаза ќе уживаат во врвните содржини како што се плажата инспирирана од Ривиерата, приватен базен, џакузи, спа, фитнес клуб, клуб за приватни членови, ќе имаат личен собар, како и две гаражи со лифтови.


Зградите се наоѓаат во „Business Bay“ во близина на центарот на Дубаи, областа која која постојано се развива и не покажува знаци на забавување во тој процес.

Во резиденциите постојат 182 уредно изградени единици. Достапни се двособни станови со големина од 200-340 метри квадратни, како и трисобни станови со големина од 380-620 метри квадратни.

А, сега бројката која сте ја чекале. Со почетна цена од 5,2 милиони долари, трошок којшто го одзема здивот како и самата зграда.


Резиденцијата се предвидува да биде завршена во текот на четвртиот квартал на 2025 година.

Плановите за плаќање се достапни со 25 отсто како прва рата, 45 отсто во текот на изградбата и 30 отсто при предавањето на клучевите.

Биткоинот се прифаќа како облик на плаќање.