[ВИДЕО] Невролог открива 3 видови на храна кои никогаш не ги консумира: „Можете да добиете паразити во мозокот“

Точка

16/07/2025

17:39

1.907

Големина на фонт

а а а

Мозокот, најсложената и најмистериозна структура во универзумот, централниот орган на човечкиот нервен систем, ги контролира сите наши мисли, чувства, движења, телесни функции. Целиот живот.

 Но, честопати го занемаруваме фактот дека исхраната игра важна улога во неговото здравје и работа. Одредени намирници се сметаат за гориво за мозокот и можат значително да ја подобрат концентрацијата, меморијата и општите ментални способности, а има и такви што не се препорачуваат.

Мрсна риба, лиснат зеленчук, јаткасти плодови, бобинки, домати, дури и кафе. Овие хранливи извори обезбедуваат витамини, минерали, антиоксиданси и здрави масти, неопходни за оптимално функционирање на еден од најважните органи во нашето тело – мозокот, како и за когнитивното здравје.


Но, постојат и некои видови храна што треба да се избегнуваат бидејќи можат да предизвикаат мошне застрашувачко невролошко оштетување или дури и смрт. Во вирално видео на ТикТок, неврологот Баибинг Чен откри кои три намирници не ги консумира бидејќи може да содржат токсини и бактерии, пишува „Њујорк пост“.

Одредени видови тропски риби

„Ги обожавам рибите, но се трудам да избегнувам големи тропски видови од коралните гребени, како што е баракуда, поради невротоксинот наречен цигуатоксин“, објаснил д-р Чен.

Скриена закана од невротоксин кој не се уништува со готвење.


Рибите како баракуда, носат опасност од цигуатоксин — невротоксин кој настанува од алги, се концентрира во големите предаторски риби и може да предизвика чудни невролошки симптоми, како трнење, халуцинации, горење и долгорочни нервни проблеми, повторувачки кошмари. Ниту готвењето не помага: токсинот е отпорен на топлина и останува опасен и по термичка обработка.

Оштетени конзерви


Конзервите кои се издувани, пукнати или длабоко вдлабнати се сигнал за можни ботулинум – бактерии. Овој токсин е толку опасен што може да предизвика парализа на мускулите, заматен вид и дури фатална респираторна слабост. Токсинот е без вкус и мирис, па често е невозможно да се забележи. Не ризикувајте – секогаш фрлете вакви конзерви.

Недоволно зготвено свинско месо


Ако консумирате свинско месо кое не е добро приготвено, особено од непроверени или нехигиенски извори, се доведувате себеси во ризик од сите видови паразитски инфекции, наведува неврологот. Најопасна од сите неуроцистицеркозата, предизвикана од внесувањето јајца од тенија кои навлегуваат во мозокот и може да потикнат епилепсија. Оваа болест не е ограничена само на неразвиени земји, присутна е и таму каде што санитацијата е слаба, вклучително и во некои градови од западниот свет.