Неотворен „iPhone“ од првата генерација ќе биде понуден денеска на аукција во САД, а се очекува да биде продаден за повеќе од 50.000 долари, пренесува „Guardian“.
Телефонот е произведен во 2007 година има камера од два мегапиксели и простор за складирање од осум гигабајти.
Тату уметничката Карен Грин го добила тој телефон во 2007 година на подарок од новиот работодавец, но бидејќи веќе имала нов мобилен телефон, а „iPhone“-от не бил компатибилен со нејзината тогашна мобилна мрежа, таа го оставила неотпакуван на полица, „замотан во фланелна пижама“, наведува „Guardian“.
An unused and unopened iPhone hit the auction block on Thursday, where it's expected to bring a minimum of $50,000. https://t.co/fNvAKQUsDf pic.twitter.com/0c3juLcNH4
— AppleInsider (@appleinsider) February 2, 2023
Откако во октомври слушнала дека друг примерот на неотворен „iPhone“ од првата генерација од 2007 година е продаден на аукција за речиси 40.000 долари, таа ја контактирала аукциската куќа „LCG Auctions“; која тогаш ја водела продажбата.
„Добивме повици од многумина, но околу 99 проценти од нив ја немаа вистинска работа. Меѓутоа, Карен навистина поседува единствен примерок“, вели основачот на „LCG“ Марк Монтеро. Грин навела дека се одлучила на продажба на телефонот за да собере пари за отворање на ново тату студио во Њу Џерси.
Another unopened OG iPhone is going up for auction; here's how much it's expected to sell for https://t.co/0bj6Iwmt4J by @ChanceHMiller
— 9to5Mac (@9to5mac) February 2, 2023
„LCG Auctions“ проценува дека Грин за својот „iPhone“ може да добие повеќе од 50.000 долари, а аукцијата се отвора денеска и завршува на 19-ти февруари. Првата генерација „iPhone“ чинела 499 долари ако се работело за модели со четири гигабајти интерна меморија, или 599 долари за модели со меморија од осум гигабајти.
„Телефонот со екран чувствителен на допир комбинира пристап на интернет и музика, со вградена дигитална камера од 2 мегапиксели и апликација за репродукција на видео-снимки“, објавил тогаш „Guardian“.