„Ferrari“ собори нов рекорд

Точка

03/02/2023

20:38

10.579

Големина на фонт

а а а

„Ferrari“ во 2022 година постави нов рекорд во продажба, со оглед на тоа дека ширум светот испорача 13.221 автомобил, во споредба со 11.155 во 2021-ва.

Нето профитот исто така достигнал нов максимум од 939 милиони евра, додека во 2021 година таа бројка изнесувала 833 милиони евра.


Регионот Европа, Блискиот исток и Африка (ЕМЕА) бил најголем за „Ferrari“ во 2022-ра, со испораки од 5.958 возила, што е повеќе во однос 5.492 единици една година порано. Продажбата во Америка 3.447 возила, во однос на 2.831 возило во 2021-ва. Купувачите во Кина, Хонг Конг и Тајван купиле 1.552 автомобили, во споредба со 899 во претходниот период. Остатокот од пазарот во Азија и Пацификот (APAC) е заслужен за 2.264 примероци.


Вкупниот приход на „Ferrari“ во 2022 година изнесувал 5.095 милијарди евра, што е за 19 проценти повеќе во однос на 2021-ва. Продажбата на возила и резервни делови донела 4,341 милијарда евра, а тоа е зголемување од 22 проценти. Договорите за брендирање и спонзорства на компанијата и донеле 479 милиони евра.


„Ferrari“ проценува дека 2023-та би можела да биде подобра од минатата година. Се очекува нето приходот да биде околу 5,7 милијарди евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг