Џенифер Лопез ја ставила на продажба својата вила на Бел Ер и бара семеен дом во кој ќе живее со својот сопруг Бен Афлек и нивните деца.
Раскошно уредениот дом на пејачката и актерка се продава за 42,5 милиони долари, пишува магазинот „People“.
9 спални соби, теретана, домашно кино...
Парот сакал да ја реновира вилата, но сепак се предомислил и одлучил да ја стави на продажба. Имотот се простира на речиси 8 хектари, а површината на куќата изнесува повеќе од 1000 квадратни метри. Има 9 спални соби и 13 купатила.
Вилата поседува и домашно кино со 30 седишта, како и теретана, „infinity“ базен, гостинска куќа и амфитеатар со 100-тина седишта.
Домот, Џеј Ло го купила во 2016 година за 28 милиони долари. Вилата е изворно дизајнирана од страна на архитектот Семјуел Маркс, а во меѓувреме била преуредена.
Сега за продажба на недвижнината, пејачката го ангажирала познатиот агент Брет Лојер кој работи во агенцијата „Carolwood Estates“.